Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ разочара во четвртфиналето на турнирот во Виена, Австрија, каде што загуби од италијанскиот противник Лоренцо Сонего со 2-6 и 1-6.
Србинот запиша неколку неславни рекорди со поразот против италијанскиот тенисер, а убедливо најлош податок е тоа што освои само три гема во текот на натпреварот.
Ѓоковиќ го доживеа првиот пораз од тенисери надвор од топ-40 на АТП од јуни 2018 година, кога загуби од уште еден Италијанец, односно Марко Чекинато на Ролан Гарос.
Чекинато тогаш беше 72. место во светот, додека Сонего во моментов се наоѓа на 42. позиција на ранг-листата.
Сонего во полуфинале ќе се соочи против Даниел Еванс, додека вториот полуфинале пар е составен од Кевин Андерсон и Андреј Рубљов.