Џабе им се парите на Арапите: Ѕвезда на Милан се сели за помалку пари во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Масимилијано Алегри почна со реконструкција на Јувентус, кој сака следната година да го врати на тронот во Италија, но и конечно да ја освои Лигата на шампиони.

Искусниот тренер по две години пауза се враќа во клубот и ќе се обиде да донесе квалитетни засилувања, а едно од нив треба да биде Хакан Чалханоглу, чиј договор со „росонерите“ заврши на крајот на сезоната.

Алегри се согласил да го земе Турчинот, кој ќе добие плата од пет милиони евра годишно во Јувентус, иако од Катар му нудеа по осум милиони евра по сезона.

Чалханоглу пристигна во Милано во 2017 година од Баер Леверкузен за сума од 24 милиони евра и во претходните четири години играше многу добро во дресот на „росонерите“.