Џабе му се милионите на ПСЖ: Мбапе одби уште една понуда, сакал да игра за Реал Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во претходниот период одби три понуди за да ја продолжи соработката со ПСЖ, а денеска го одбил и четвртиот предлог на францускиот гигант.

Шпанските медиуми објавија дека Мбапе не сака повеќе да игра за ПСЖ со кој не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), а поради тоа сака да замине во друг гигант.

Последниот потег на Мбапе со одбивањето на новата понуда за договор докажува дека Французинот сака да си замине од Париз, а како следна негова дестинација се споменува Реал Мадрид.

„Кралевите“ се подготвени да го купат францускиот напаѓач, но тие немаат намера да му понудат премногу пари затоа што се соочуваат со финансиска криза.