Џабе се радуваше: Роналдо не е рекордер по број на постигнати голови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера Кристијано Роналдо го постигна својот 760 гол во кариерата и многумина го прогласија за рекордер по број на постигнати голови во историјата на фудбалот, но денеска стигна дека тоа не е точно.

Меѓународниот завод за фудбалска историја и статистика тврди дека Роналдо не го престигнал Јозеф Бикан и дека тој во кариерата постигна 821 гол, а не 759.

Јарослав Колар од Институтот објасни како стигнале до новата бројка на голови на легендарниот чешки голгетер.

„Недостигаат 53 гола кои Бикан ги постигна додека настапуваше за Храдец во втората лига. Ги проверивме сите детали двапати и може да кажеме дека Бикан во кариерата има постигнато 821 гол. Тоа значи дека Роналдо уште не е најдобар стрелец во историјата“, порача Колар.