Џака жестоко одговори на критиките кои му ги упати Патрис Евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал синоќа повторно ги разочараа своите навивачи со поразот во гости против Шефилд Јунајтед (1:0).

Tопџиите одиграа уште еден многу лош натпревар и запишаа уште еден пораз и го изгубија чекорот со лидерот Ливерпул кој е десет бодови пред Арсенал.

После синоќешниот натпревар, некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, ги критикуваше момците од Арсенал, а посебно капитенот Гранит Џака.

„Кога играв против Арсенал, отсекогаш знаев дека ќе го победиме тој натпревар. Ништо не е сменето ни денес. Навивачите на Арсенал мора да бидат бесни кога го гледаат Џака како свој капитен. Тој не е прав капитен.“, рече Евра.

Сепак, Џака не сакаше да го премолчи тој коментар кој го доби од страна на Евра и одлучи да му одговори.

„Луѓето премногу зборуваат. Имам доста почит спрема него бидејќи е одличен играч, но мора да внимава што зборува. Тој добро ја познава ситуацијата и не е единствен кој зборува така. Многу луѓе зборат многу ср**а и секогаш е исто“, изјави Џака.