Џејдон Санчо конечно проговори по пропаднатиот трансфер во Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу медиуми објавија дека трансферот на Џејдон Санчо во редовите на Манчестер Јунајтед и дефинитивно пропаднал.

Младиот фудбалер денеска одигра 45 минути во пријателската средба против Алтах во која Борусија Дортмунд победи со 6:0.

По натпреварот Џејдон Санчо за прв пат даде јавен коментар и меѓу редови најави останување во клубот.

„Сакам да играм тука многу. Овае специјална група на луѓе. Имаме некои специјални млади играчи кои допрва ќе блеснат.

Среќен сум што го делам теренот со нив и што можам да ги водам. Некогаш бев и јас во нивните копачки, играв со сениорите. Среќен сум за нив“ –изјави Санчо.