Џејдон Санчо си доби енормна плата, Борусија Дортмунд го продолжи договорот со него


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крилниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо се согласи на нов договор со германскиот вицешампион.

Англискиот репрезентативец со новиот договор ќе заработува неверојатни 200.000 евра неделна плата.

Со оваа сума „милионерите“ сакаат да ги одбијат нападите од Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити кои се заинтересирани да го видат англискиот фудбалер во своите редови.

Санчо во Борусија Дортмунд стигна токму од Манчестер Сити во 2017 година кога потпиша договор до 2022 година.