Џејмс Нанали повторо во Фенербахче


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Фенербахче синоќа го прекинаа евролигашкиот пост со фантастична партија во Пиреја каде во салата Мир и пријателство уверливо го совладаа Олимпијакос.

Денеска клубот објави дека во јатото се враќа Џејмс Нанали, фантастичниот стрелец кој боите на турскиот гигант ги бранеше во 2016-2018 година.

Нанали од Фенербахче замина во НБА лигата каде играше за Минесота, Хјустон, но не се задржа подолго па се врати во Евролигата, во екипата на миланска Олимпија. Од таму Нанали замина во кинески Шангај Шаркс каде заработи голема сума на пари за кратко време за од денес официјално да се врати во клубот каде ја освои титулата европски првак.

Соработката помеѓу Нанали и Фенербахче овој пат е договорена само до крајот на оваа сезона.