Џек Вилшер прави изненадувачки трансфер во Италија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Вест Хем, Џек Вилшер наскоро би можел да направи изненадувачки трансфер во Италија.

Имено, за неговите услуги е заинтересиран тимот на Џенова, а наскоро треба да пристигне и официјална понуда од тимот до Вест Хем за него.

Тој пристигна во Вест Хем пред две години од Арсенал, но во не успеа да ја оживее својата кариера, која е во опаѓање поради големиот број повреди.

Тој одигра само 16 натпревари во две сезони во дресот на Вест Хем и многу брзо може да ја заврши својата епизода во овој тим.

Наводно во Џенова го посакуваат бидејќи сметаат дека може да ја врати кариерата на вистинскиот пат токму во нивниот клуб.