Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер сака да го задржи Един Џеко, но босанскиот напаѓач не сака да му биде резерва на Ромелу Лукаку, кој се враќа од Челси на позајмица.
За босанскиот фудбалер се шпекулираше дека ќе го засили Реал Мадрид, но сепак Џеко нема намера да се пресели во Шпанија, туку сака да се врати во Премиерлигата.
Како негова следна дестинација се споменува Вест хем, кој нема класичен напаѓач, а Џеко веќе има искуство од Премиерлигата.
Џеко поставил само еден услов до „чеканите“ и сака договор на две години, а доколку прифати Вест хем, тогаш Босанецот ќе се врати во Премиерлигата каде што претходно играше за Манчестер сити и притоа постигна 50 голови и 23 асистенции на 130 меча.