Џеко израмни рекорд на легендарниот Роналдо од 1998 година


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Босанскиот репрезентативец Един Џеко беше човек кој го реши мечот на Интер. Италијанскиот шампион губеше со 0-1 од Сасуоло, по што Џеко влезе и ја промени играта. Прво стигна до 1-1, а потоа избори пенал за 2-1.

Тоа беше шести гол на седум натпревари за Џеко сезонава во Серија А, па така Босанецот израмни рекорд на поранешниот напаѓач на Интер, Роналдо, кој даде шест гола во првите седум кола во сезоната 1997/98.

„Очекував да ја отворам сезоната на ваков начин затоа што знам какви квалитети имам и затоа ме купи Интер. Го давам својот максимум без оглед на тоа дали играм од првата минута или почнува од клупата“, вели Џеко.