Џеко може да се пофали со рекорд на „Олд Трафорд“ каков никој друг нема!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја здроби Рома со 6-2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа, па се наоѓа со една нога веќе во големото финале, каде што ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Виљареал и Арсенал.

Босанскиот репрезентативец Един Џеко постигна еден гол во натпреварот против Манчестер јунајтед, а благодарение на него постави неверојатен рекорд на „Олд Трафорд“.

Џеко ја продолжи неверојатната серија на „Театарот на соништата“ и за него ова е петти меч против „црвените ѓаволи“ на кој постигнал барем еден гол.

Исто така, Џеко стана единствен фудбалер во историјата кој успеал да постигне барем по еден гол на „Олд Трафорд“ во последните три децении.