Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Босанскиот репрезентативец Един Џеко синоќа официјално потпиша за Интер, па така по шест години го напушти Рим.
Џеко испрати емотивна порака преку социјалните мрежи и вели дека градот ќе му остане во спомените.
„Здраво, Рома. По шест години дојде време да се збогуваме. Овие денови чувствата ми се измешани. Во една рака се радувам на новите предизвици, но од друга страна ми застанува кнедла во грлото кога ќе разберам што оставам. Имав неверојатни години во клубот. Благодарен сум на сите луѓе кои ми помогнаа. Ви благодарам“, напиша Џеко.
Џеко ги одигра првите минути во новиот тим, иако не беше претставен, па постигна гол во победата од 3-0 против Динамо Киев.