Џеко во Дубровник го сретна својот „иден соиграч“ од Интер, па објави фотографија на Инстаграм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Босанскиот напаѓач Един Џеко сеуште се наоѓа на одмор, а традиционално и ова лето го поминува во Дубровник.

Џеко во овој хрватски град има куќа  и често ја користи приликата да го посети Дубровник каде што исто така неодамна отвори кафуле.

Дефинитивно овој одмор ќе му дојде добро на Един Џеко и ќе ги наполни батериите за нарадната сезона, иако не се знае точно каде ќе игра наредната сезона.

Веќе неколку седмици се шпекулира дека околу тоа дали Џеко ќе оди во Интер или ќе остане во Рома.

Во текот на одморот тој се сретна со својот пријател Иван Перишиќ кој инаку е член на Интер. Сигурно имаат разговарано за неговиот потенцијален трансфер во Интер, но дали ќе го видиме во дресот на Интер од наредната сезона, тоа наскоро ќе го дознаеме.

Џеко одлучи да објави фотографија на Инстаграм стори, и не требаше да помине долго време за да стане вирална помеѓу навивачите на Интер на социјалните мрежи.