Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Милан во вонредното коло во Серија А одигра 1:1 против Удинезе, бордот на директори на „Росонерите“ донесе одлука да му се заблагодари на соработката на тренерот на екипата, Џенаро Гатузо.
Како што пренесува, „Коријере дело Спорт“, управата на Милан без оглед на тоа дали клубот ќе успее да се пласира во Лигата на шампионите ќе го отпушти Гатузо. Исто така, сметаат дека учеството во најелитното европско натпреварување е од битално значење за тимот од „Сан Сиро“.
Како кандидати за наследник на популарниот „Пит Бул“ на клупата на Милан се споменуваат две имиња.
Антонио Конте, кого го посакува и Интер, но и Маурисио Сари, кој моментално е менаџер на Челси.
Конте веќе некое време е без ангажман, додека Сари, по се судејќи одвај чека да се врати во Италија.
Кој на крајот ќе седне на клупата на „Росонерите“, останува да видиме. Моментално бившиот капитен и тренер на Јувентус е поблиску до таа позиција.