Џенова и капитенот Кришито го поздравија Пандев: Ти благодариме за сè!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев синоќа ја напушти Џенова и потпиша за Парма, каде што ќе остане до крајот на сезоната, по што неговиот поранешен тим и капитенот Доменико Кришито испратија пораки.

Пандев за првпат во кариерата ќе игра во Серија Б, откако му се приклучи на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, но Парма во моментов е далеку од борбата за пласман во повисок ранг, па засега останува непознато дали македонскиот фудбалер ќе замине во пензија на крајот на сезоната.

„Сакам да кажам големо благодарам, ме научи многу работи, како на теренот, така и надвор од него. Ти си легенда“, напиша Кришито.

„Ти благодариме 32 пати Горан. Не беше лесно да го прифатиме твојот избор, но моравме да ја испочитуваме желбата“, соопшти Џенова.