Џенова му удри „клоца“ на Маран: Пандев пак остана без тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенова повторно остана без тренер, откако отказ доби Роландо Маран поради лошите резултати сезонава во италијанската Серија А.

Маран ја разочара управата на тимот затоа што по 13 одиграни кола Џенова се наоѓа на претпоследното место на табелата со седум бодови.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев повторно остана без тренер, па најверојатно во следните денови ќе дознае кој ќе ги води во продолжение од сезоната, во која до крајот ќе се борат за опстанок во калчолигата.