Џеси Лингард си оди од Јунајтед и прави трансфер во ривал на „ѓаволите“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англискиот медиум „Атлетик“ пишува дека Џеси Лингард би можел да си замине од редовите на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Играчот кој потекнува од академијата на „ѓаволите“ има сезона за заборав зад себе и постојано е мета на критики од фудбалската јавност.

Сега тој би можел да го напушти „Олд Трафорд“ и кариерата да ја продолжи во ривалот на Манчестер Јунајтед, Арсенал кој е подготвен да го донесе во своите редови. Арсенал нема многу пари за трошење, па ангажман на Лингард за симболична сума би им бил добредојден со оглед на фактот што Англичанецот има доста искуство.