Џо Харт си оди и од Барнли и му станува соиграч на Џани Алиоски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џо Харт веќе неколку години се обидува да си ја спаси кариерата така што прави трансфери во помали клубови.

Кога пристигна во Барнли се очекуваше тој да биде стандарден меѓу стативите на „Турф Мур“, но наместо тоа одреден период Харт беше дури и трет голман на тимот.

Сега, поранешниот голман на Манчестер Сити и освојувач на Премиер лигата преговара за трансфер во тимот на Лидс Јунајтед. ЛЕгендарниот клуб се наоѓа во одлична позиција и би можел да избори пласман во Премиер лигата што значи дека Харт повторно ќе има шанса да брани во најелитната лига во Англија.