Џо Кол жали поради потегот: Потпишав за Ливерпул од Челси, бев изморен и не требаше да се преселам!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол помина седум години во Челси пред да се пресели во Ливерпул во 2010 година, но неговото време на „Енфилд“ помина мизерно.

Кол ја заврши својата седумгодишната кариера во западен Лондон во 2010 година кога потпиша за „Црвените“ како слободен играч, што се чинеше како генијален потег за Ливерпул.

Меѓутоа, непосредно пред Кол да се упати кон „Енфилд“, домаќин на денешниот натпревар со Челси (20 октомври), доживеа сериозна повреда на коленото и тоа го остави на клупата речиси една година, прекинувајќи ги разговорите за продолжување на договорот со Челси.

„Егото ми имаше мала улога и фудбалот беше повеќе борба. Ќе играв, коленото ќе ми отечеше. Не можев да правам одредени работи што порано можев. Ми требаше лед пакет (по секој натпревар на коленото), имав многу болки. Многу ретко се враќаш на нивото што си бил… нешто потсвесно ми кликна и си помислив, ‘Никогаш нема да се вратам на играчот што бев. Морам да заминам.’ Затоа што не сакам да ја завршам кариерата во Челси само седејќи таму на масата за повреди.”, рече Кол.

.