Џошуа го нокаутира Нгану, па му испрати порака (Видео)

Ентони Џошуа во втората рунда го нокаутира Франсис Нгану на спектаклот во Ријад, Саудиска Арабија.

Џошуа двапати успеа да го испрати Нгану во нокдаун, а потоа со моќен удар го „патосираше“ противникот.

„Кога ја видов борбата меѓу Френсис и Фјури дознав дека сака да се бори. И сакав да бидам дел од тоа. Тој е инспирација за многумина. Нгану е голем шампион и ова ништо не одзема од неговите способности. Му кажав дека не треба да го напушти боксот затоа што може добро да се бори. Ова е добра работа за боксот“, кажа Џошуа.