Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ентони Џошуа го нокаутираше бугарскиот боксер Кубрат Пулев, па така дојде до бројката од 24 победи во неговата кариера.
Британецот ја заврши борбата во деветтата рунда, кога Џошуа го нокаутираше Пулев.
„Им благодарам на сите што беа тука. Имав многу добар меч и ги погодив сите удари како што планирав, па задоволен сум. Се надевам дека сите видоа колку напорно работам и како се подготвувам. Прашајте ја публиката, но и Еди Хрн кој ќе биде следен. Не ме интересира кој ќе биде, ако мора да биде Фјури, нека биде. Не знам дали сум најдобар во свет, но сум најдобра верзија од себе“, кажа Џошуа.