Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе се соочи против Кубрат Пулев од Бугарија на 12 декември и ќе ја брани титулата на светски шампион во тешка категорија.
Пулев ја потврди информацијата за борбата против Британецот, која е закажана за крајот на годинава, па нема сомнеж дека навивачите се возбудени поради спектаклот.
Пулев против Џошуа на 12 декември во Лондон. Датумот и местото на одржување се конечни. Нема враќање, нема одложување, нема ново закажување. Подобриот нека победи“, пишува на сајтот на бугарскиот боксер.
Засега не е познато дали ќе има присуство на публика поради пандемијата на корона, но сигурно ќе бидат објавени повеќе детали.