Џуд Белингам и Реал Мадрид – совршена комбинација!


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Џуд Белингам и Реал Мадрид се совршена комбинација од стартот на соработката. Откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, Англичанецот воодушеви и ја преземе лидерската улога во екипата.

Белингам реши три натпревари во корист на својата екипа, и тоа против Селта, Хетафе и Унион Берлни, а игра на позицијата зад напаѓачот и досега постигна пет гола на исто толку натпревари.

„Искрено не знаеш колку е голема Реал Мадрид додека не станеш дел од него, тоа е навистина неверојатно“, кажа Белингам.

Головите во завршницата станаа негов заштитен знак во дресот на „кралевите“.

„Лесно се прилагодив во Мадрид, секогаш сум со насмевка на лицето“, вели Англичанецот.