Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот италијански фудбалер Паоло Ди Канио, легендата на Лацио, по елимнацијата на Италија од Македонија кажа дека имал чудно пречуство и очекувал сензација.
Ди Канио даде пофални коментар на сметка на македонската фудбалска репрезентација за играта во одбрана, при што кажа дека дефанзивците одиграле врвно додека ги обвини неговите сонародници за лошиот напад.
„Го гледав мирно натпреварот, што е невообичаено, меѓутоа имав претчувство дека вака ќе заврши. Бевме нервозни во нападот, додека Македонија играше врвно во одбраната. Македонија одигра импресивно во одбраната. Тргнаа во напад ѝ ни дадоа гол, а откако ги погледнав снимките, буквално збеснав. Лут сум на моите сонародници“, кажа Ди Канио.