Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома вчера потврди дека нивни тренер од следната сезона ќе биде Жозе Мурињо. Тој пред неколку недели доби отказ од Тотенхем поради лошите резултати, но не чекаше долго за да добие нова работа.
Рома му испрати понуда на Мурињо, која беше прифатена, па Португалецот потпиша договор на три години со годишна плата од седум милиони евра.
Навивачите на Рома се воодушевени што еден од најдобрите тренери ќе го преземе нивниот тим, но немаат сите добро мислење за Мурињо, а еден од нив е поранешниот фудбалер на Лацио, Паоло Ди Канио.
„Го земавте најлошиот од најлошите. Разбирам дека ви треба големо име, но тоа е исто како да сте земале фудбалер кој ја завршил кариерата. Мурињо само сака работа со добра плата. Доби трет отказ во четири години и го избркаа од сите клубови во кои работеше. Тотенхем го избрка поради лошите резултати, иако потроши многу пари“, вели Ди Канио.