Ди Марцио открива: Наполи ангажираше уште едно засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот експерт за трансфери, Џанука Ди Марцио открива дека Наполи го откупил договорот од голманот на колумбиската репрезентација, Давид Оспина.

Колумбиецот во минатата сезона го бранеше голот на клубот од „Сан Паоло“, како позајмен фудбалер од Арсенал.

Италијанскиот клуб со англискиот тим се договори за можност за четири милиони евра да го откупи договорот на искусниот голман, па се обидоа да ја спуштат цената на само 2,5 милиони, но не успеале во таа намера.

Оспина во сезоната зад нас бранеше на 17 натпревари во Серија А, еден во шпанскиот Куп и шест пати во Лигата на шампиони.

Во моментов настапува на Копа Америка со селекцијата на Колумбија, па синоќа ја сочува мрежата во победата против Аргентина.