Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе е јасно дека Манчестер Јунајтед и Јувентус се договориле за размена меѓу Ромелу Лукаку и Пауло Дибала, па сега останува отворено само прашањето дали играчот ќе сака да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Неговиот агент е во Лондон, и веќе втор ден преговара со претставниците на „црвените ѓаволи“.
Џанлука Ди Марцио пишува дека преговорите течат во позитивна насока и дека наскоро треба да се постигне договор со клубот кој го посакува во своите редови.
Инаку, Дибала утре ќе има средба со Маурицио Сари и Фабио Паратичи, а веројатно ќе го одработи и еден од последните тренинзи во опремата на Јувентус.