СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија изјави дека сè уште пие лекови за да се справи со притисокот и разочарувањето поради поразите во три последователни финалиња на големите натпреварувања со репрезентацијата.
Ди Марија во 2022 година со Аргентина го освои Светското првенство во Катар, а две години подоцна и Купот на Америка во САД, откако во текот на три години ги изгуби две финалиња на Купот на Америка и финалето на Светското првенство во 2014 година.
„Поради тоа сè уште пијам лекови. Успеав да ја намалам дозата. Многу сум подобар, но тоа е нешто што создава зависност… Тоа се работи кои остануваат со вас, кои ве обележуваат“, изјави Ди Марија.
Тој додаде дека му е жал за многуте поранешни соиграчи од репрезентацијата кои не успеале да освојат титула со Аргентина.