Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија го носи дресот на Бенфика, но кажа дека сака да ја заврши кариерата во Росарио.
Желбата на Ди Марија очигледно не им се допаѓа на одредени мафијаши во Росарио, па поради тоа испратија морбидни закани кон фудбалерот.
„Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио, бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби животот. Ниту Пуларо нема да те спаси. Не оставаме никаква порака зад нас само куршумите и телата остануваат“, пишува во пораката испратена до семејството на Аргентинецот.