ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
ПСЖ во средата се пласираше во четвртфинале на Лигата на шампиони откако со вкупни 5-2 ја елиминираа Барселона.
Каталонците не направија чудо во реваншот откако во првиот меч беа поразени со 1-4, иако играа многу добро во Париз.
По натпреварот во центар на внимание беа Анхел Ди Марија и Лионел Меси, кои се поздравија, а фудбалерот на ПСЖ потоа објави фотографија на Инстаграм.
Коментар на фотографијата остави и Нејмар, кој со Меси е во одлични односи, а тоа ги налути каталонските навивачи.
Тие веруваат дека парижаните повторно почнале кампања за да го привлечат Меси на лето да потпише за ПСЖ.