Ди Марија не бил единствен: И уште еден фудбалер на ПСЖ доживеал вистинска драма!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Драматична ноќ доживеаа двајца фудбалери на ПСЖ. Најпрво Анхел Ди Марија беше заменет по еден час игра, откако на претставниците на парижаните им беше соопштено дека неговиот дом бил ограбен.

Меѓутоа, Ди Марија не бил единствен кој доживеал таков проблем, со оглед на тоа дека крадците во исто време го ограбиле и домот на Маркињос.

Интересно е тоа што Маурицио Покетино не го замени бразилскиот стопер како што тоа го направи со аргентинскиот фудбалер.

Најважно е тоа што дефанзивецот на ПСЖ потврди дека неговото семејство се чувствува добро и нема повредени.

ПСЖ до дојавата на натпреварот имаше водство од 1-0, но потоа Нант го искористи тоа и направи пресврт (2-1).