Ди Марија не смее да се врати во Росарио – добива смртни закани!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија имаше желба да се врати во татковината, меѓутоа нема да потпише за неговиот матичен клуб Росарио.

Медиумите пишуваат дека сестрата на фудбалерот добила писмо со морничава содржина, а тоа го потврди и Ди Марија.

„Во кутијата имаше и порака дека следната глава во кутијата ќе биде таа на мојата ќерка Пиа“, кажа Ди Марија.

Претходно и родителите на фудбалерот добиваа закани по својот живот.