Ди Марија по освоената Копа Америка: Го израдувавме Меси!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија замина во репрезентативна пензија со освојување на Копа Америка.

Ди Марија излезе од игра во 117. минута и доби овации од сите на трибините, но и неговиот колега Лионел Меси кој беше на клупата поради повреда.

„Вечерва беше запишано во ѕвездите да се заврши на ваков начин. Вечно ќе бидам благодарен што бев дел од златната генерација. Тажен сум поради повредата на Меси, но уште еднаш победивме. Моравме да славиме без него и да го направиме среќен“, кажа Ди Марија.