Ди Марцио најави: Мурињо ја напушта Рома на крај на сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо најверојатно ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната. Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека „Специјалниот“ нема да преговара за нова соработка и од сезоната 2024/25 ќе има друг клуб.

Ди Марцио открива дека досега не се воделе преговори меѓу двете страни, а нема ниту да се водат во следните месеци затоа што Мурињо бил убеден во својата намера да го напушти тимот.

„Кога ќе биде слободен, екипите од С. Арабија повторно ќе го бараат Мурињо. Останува да видиме дали тој ќе прифати некоја од понудите или ќе остане во Европа“, објави Ди Марцио.

Мурињо досега оствари 59 победи во 119 натпревари со Рома, а притоа ја освои и Конференциската лига во 2022 година.