Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала веќе неколку недели води битка со коронавирусот. Аргентинецот заедно со Блез Матуиди и Даниеле Ругани беше позитивен на Ковид-19.
Аргентинецот досега направи неколку теста и на сите беше позитивен. Меѓутоа, по последните тестирања направени пред неколку дена резултатот беше негативен.
Дибала веќе некое време нема симптоми, се чувствува многу добро и во форма, но за да стигне официјална потврда дека се излекувал од коронавирус потребно е и вториот тест да биде негативен.
Ѕвездата на Јуве во следните денови ќе направи уште еден тест, а ако резултатот биде негативен значи дека инфекцијата дефинитивно поминала и дека ќе може да почне да тренира со соиграчите.