Дибала не е среќен во Јувентус – наскоро заминува во друг европски гигант!?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Аргентинските медиуми откриваат дека Пауло Дибала не е среќен во Јувентус и сака да го напушти клубот, доколку не му биде гарантирана минутажа.

Во Јувентус тоа е невозможно, па поради тоа, Аргентинецот би можел да биде продаден. Неговиот брат предупреди многу фудбалери на клубот дека не се среќни во тимот поради минутажата.

„Проблем е тоа што Дибала не игра, за млад фудбалер такво нешто е недозволиво“, вели неговиот брат и агент.

Дибала одигра 28 натпревари во италијанската лига сезонава, не сметајќи ги и оние кои влегуваше како резерва, па поради тоа Аргентинецот сака да замине во друга лига.

Се шпекулира за неколку потенцијални дестинации, а најголеми шанси им се даваат на Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед…