Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала минатото лето замина од Јувентус и потпиша за Рома, но сè уште не може да ги добие парите кои му ги должи екипата од Торино.
Дибала неодамна објави дека Јувентус му должи милиони и се закани дека ќе го тужи поранешниот клуб.
„Јувентус ми должи 3,7 милиони евра за заостанати плати од 2021 година. Последниот рок им е април 2023 година, а доколку не ми бидат исплатени парите, тогаш адвокатите ќе го решаваат проблемот. Не сакав да одам преку Суд, но веќе немам избор“, кажа Дибала.