Дибала откри што го натерало да потпише за Рома (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома се засили со Аргентинецот Пауло Дибала, кој потпиша тригодишен договор и ќе биде големо засилување за составот на Жозе Мурињо.

Дибала ќе соработува со Мурињо, а во разговор со медиумите откри кои работи го натерале да потпише за гигантот од Рим.

„Брзината и посветеноста која ја покажа Рома покажа колку ме сакаат и тоа ме натера да потпишам за нив. Доаѓам во екипа која расте и клуб кој гради иднина“, кажа Дибала.

Аргентинецот го избра дресот со број 21, иако имаше шпекулации дека сака да ја земе десетката.