Дибала почна да плаче и не можеше да се смири зашто го напушта Јувентус (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот Пауло Дибала на емотивен начин се збогува од Јувентус, откако неговиот тим одигра 2-2 против Лацио во 37. коло од Серија А.

Резултатот беше во втор план затоа што од Јувентус се збогуваа двајца фудбалери, Џорџо Кјелини и Дибала.

Кјелини си замина во 18. минута со насмевка на лицето, додека Дибала не можеше да се смири и се расплака.

Аргентинецот почна да плаче, додека Леонардо Бонучи се обидуваше да го смири, а претходно Душан Влаховиќ му го посвети неговиот гол.

Дибала за Јувентус одигра 291 меч и постигна 115 голови, а во Торино стиигна во 2015 година од Палермо.