Дибала прави трансфер кој ќе ги изненади сите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала пристигна во Јувентус во 2015 година од Палермо, а се шпекулираше дека летово ќе замине во Интер, но тоа нема да се случи.

Шпанските медиуми пишуваат дека Дибала е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид затоа што сака да соработува со тренерот Диего Симеоне.

Дибала оваа сезона постигна 13 голови и шест асистенции во 29 меча во сите натпреварувања, па многумина го сметаат за еден од најважните фудбалери на „Старата дама“.

Аргентинецот досега настапи на 281 меч во Јувентус, при што постигна 112 голови и освои 12 трофеи, меѓу кои и пет во Серија А.