Дибала сакаше да потпише нов договор, а потоа Јувентус направи неочекуван потег


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус и Пауло Дибала неодамна постигнаа договор, но работите се искомплицираа дополнително поради поранешниот италијански шампион.

Дибала има договор со „Старата дама“ до крајот на сезоната и имаше намера да потпише нова соработка до 2026 година според која требаше да добие плата од осум милиони евра годишно плус два милиони евра низ бонуси.

Раководството на тимот побара од Дибала да се согласи на помала фиксна плата која потоа ќе биде надополнета доколку ги оствари бонусите, а тоа не му се допаднало на Аргентинецот.

Јувентус, наводно, му нуди плата од шест милиони евра годишно плус четири милиони преку бонуси, па сега Дибала е на потег.