Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар, и покрај тоа што сите го отпишаа, успеа да докаже дека не секогаш победува фаворитот, па тие денеска со триумфот против Веспрем од 27-24 во финалето во Келн го освоија европскиот трон.
„Црвено-црните“ се бореа храбро на завршниот турнир во Келн, иако имаа лош старт на мечот против Барселона, но успеаа со епски пресврт да се пласираат во финалето, кадешто беа помоќни и од Веспрем.
„Одигравме одличен натпревар и заслуживме да го освоиме европскиот трон. Доколку после овој успех не ни помогне никој, тогаш треба сите да се пензионраме. Не знам што да кажам, доколку по ова никој не реши да испрати помош. Во секој случај, среќни сме поради победата“, вели Дибиров.