Дибиров избран во тимот на колото и меѓу најдобрите стрелци во ЛШ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рускиот ракометар Тимур Дибиров одигра одличен меч за Вардар во победата против Елверум од 39-30 во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), па така доби двојна награда.

Дибиров постигна седум голови и беше избран во идеалниот тим на колото во ЛШ, а погодокот во 56. минута беше избран за втор најдобар во рундата.