Дибиров: Во Скопје ми беше како во Холивуд, тоа е мој втор дом!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров даде интервју за хрватскиот медиум „Индекс.хр“ и во него зборуваше за деновите поминати во македонскиот ракометен гигант.

Дибиров со Вардар стана европски шампион во 2017 и 2019 година, па кажа дека Скопје за него е втор дом.

„Еден мој пријател го праша Раул Гонзалес како е во Скопје, а тој одговори со еден збор – Холивуд. И навистина беше така. Не е тајна дека ме побараа и да играм во репрезентацијата на Македонија, но не можев да ја оставам мојата татковина – Русија. Скопје и Македонија се мојот втор дом“, кажа Дибиров.

Целото интервју со Дибиров може да го прочитате ТУКА.