Диего Симеоне е најплатен тренер во светот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не може да ја одбрани титулата во Ла Лига, но заработува многу повеќе пари од останатите тренери.

„Л’Екип“ објави дека Симеоне е прв на листата со најплатени тренери и заработува неверојатни 3,33 милиони евра, односно четири пати повеќе од Карло Анчелоти кој го тренира Реал Мадрид.

Зад Симеоне се наоѓа Пеп Гвардиола со 1,89 милиони евра месечно, по што третата позиција ја делат Антонио Конте и Јирген Клоп со по 1,49 милиони евра.

На петтата позиција се наоѓа Масимилијано Алегри од Јувентус, кој заработува 1,17 милиони евра месечно.