Дијаз го реши Бразил со два гола, татко му падна во транс (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Колумбија славеше со 2-1 против Бразил во мечот од петтото коло од квалификациите за Светското првенство (СП), а одличен настап имаше фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз.

Бразилците постигнаа гол за водство во четвртата минута преку Мартинели, но потоа пристигна повредата на Винисиус Жуниор и сè тргна во погрешен правец.

Дијаз стрелаше за 1-1 во 75. минута од натпреварот, а четири минути подоцна погоди за конечни 2-1 и победа на Колумбија.

Посебно среќен беше неговиот татко, кој беше ослободен пред неколку дена од киднапери.