Дијаз го тролаше Бејл на тренинг поради неговата прва љубов – голфот! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ја продолжува трката со Барселона за трофејот во шпанската Ла Лига, па во следното коло „кралевите“ ќе играат против Реал Сосиедад.

Според шпанските медиуми се очекува Герет Бејл да игра во првиот тим, откако отсуствуваше повеќе од еден месец. Репрезентативецот на Велс беше тема на различни шпекулации по прославата со соиграчите од селекцијата, каде што се фотографираше со знаме на кое порача што му е на прво место.

Тоа беше репрезентацијата на Велс, а веднаш потоа му беше голфот и на трето, последно место му е Реал Мадрид.

Денеска на тренингот во Мадрид згреши едно додавање, а негов соиграч веднаш се пошегува на негова сметка и му порача дека треба да ја удира топката во голферски стил.