Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Ерик Тен Хаг ова лето го презема Манчестер јунајтед и доби задача да ја врати славата на поранешниот шампион по најслабата сезона во Премиерлигата во последните три децении.
„Мирор“ објави дека Тен Хаг поставил пет строги правила за фудбалерите на Јунајтед пред да заминат на турнејата во Тајланд и Австралија.
Британските медиуми откриваат дека најстрого ќе биде казнет играчот кој ќе открие информации од соблекувалната, односно истиот ќе биде исфрлен од екипата.
Второто правило се однесува на доцнењето, па тие кои ќе доцнат ќе мора да бидат казнети, додека третото правило е поврзано со алкохолот.
Тен Хаг воведе правило и за храната, па така фудбалерите на Јунајтед ќе јадат од храната на клупските готвачи, по што тренерот го промени и изборот на храна која ќе се слуќи во клубот.