Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски уште еднаш ја запре Барселона, и тоа по третпат во последните три меча.
Димитриевски три меча по ред нема примено гол против каталонскиот гигант и тоа е успех каков што последен пат е забележан пред 50 години во Шпанија.
„Не победивме, но среќни сме. Минатата сезона славевме против Барселона и сакавме да го направиме тоа повторно. Нашата одбрана одигра на врвно ниво“, кажа Димитриевски.
За Димитриевски пристигнаа пофалби и од редовите на Барселона.
„Голманот на Рајо (Димитриевски) имаше три одлични одбрани. Не смееме да бидеме задоволни со ова реми, потребни ни беа трите бода“, вели Гарсија.